Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски се покажал како „крволочно чудовиште“.
„Володимир Зеленски, кој најави дека сака да испрати странски воен персонал во Украина, се покажа како крволочно чудовиште, кое веќе ги уништи сопствените граѓани и планира да уништува странци“, изјави Захарова за РИА Новости.
Руската агенција потсетува дека Зеленски претходно на состанокот на Рамштајн групата зборувал за испраќање странски воен персонал во Украина уште пред крајот на конфликтот.
„Тој едноставно ги уништи сопствените граѓани, сега е негов ред да ги уништи оние што ги сметаат за свои сојузници. Тој очигледно се сметаше себеси за некаков месија, но испадна дека е крволочно чудовиште“, рече Захарова.