Американската актерка, пејачка и наследничка на глобалниот синџир хотели Парис Хилтон сподели видео од нејзиниот уништен дом во шумски пожар во Лос Анџелес, велејќи дека нејзината „болка е навистина неопислива“.
„Кога првпат ја видов веста, бев во целосен шок – не можев да ја прифатам. Но, сега, стоејќи овде и гледајќи ја со свои очи, се чувствувам како моето срце се скрши на милион парчиња. Оваа куќа не беше само место за живот – тоа беше место каде што сонувавме, се смеевме и ги создававме најубавите спомени како семејство. Гледајќи како се претвора во пепел… неописливо е болно“, напиша таа на Инстаграм, покрај видеото од изгорената куќа.
Таа додаде дека и е особено тешко да знае дека „толку луѓе изгубиле се“ и дека тоа не е само нејзина приказна.
„Не се само ѕидови и покриви – спомените се тие што ги направија тие куќи домови. Тие се фотографии, спомени, незаменливи делови од нашите животи“, рече таа, додавајќи дека е среќна што нејзините најблиски се безбедни.
Таа им се заблагодари на пожарникарите и волонтерите кои си ги ризикуваат животите гасејќи се со пожарите.
„Ви благодарам од дното на моето срце. И на сите што минуваат низ оваа болка, знајте дека не сте сами. Ние сме во ова заедно. Ќе обновиме, ќе лечиме и ќе се кренеме посилни од порано“, рече Хилтон.
View this post on Instagram