Копијата на Граѓанскиот законик на Наполеон ќе се најде на аукција во Париз во март

Сподели со своите пријатели

Том од Граѓанскиот законик што му припаѓал на Наполеон, кој инсистирал Франција да го усвои збирот закони што ги стандардизираа правилата за живот на почетокот на 19 век, ќе се најде на аукција на 6 март во Париз, објави аукциската куќа Тазан.

Loading...

Аукциската куќа проценува дека книгата, „скапоцената лична копија на Наполеон од оригиналното издание на Граѓанскиот законик“, вреди меѓу 100.000 и 200.000 евра.

Книгата ќе биде во продажба заедно со други стари книги и ракописи, пренесува Бета-Франс прес.

„Таа копија на голема хартија со монограмот на првиот конзул (Наполеон) е единствената во приватни раце. Остана во исто семејство од падот на Наполеон“, се вели во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Болниците во Франција на посебен распоред за работа поради големиот број заболени од грип

Сопствениците се потомци на лојалниот следбеник на Наполеон, Етјен Шарве, управител на Шато де Сен Клауд, во близина на Париз, каде што Наполеон го оставил примерокот кога бил принуден на егзил на островот Елба во 1814 година.

Писмо потпишано од Жан-Пјер Шарве, син на Етјен Шарве, ќе се продава заедно со книгата и ќе ја потврди автентичноста на документот.