Грција: Најмалку три земјотреси за помалку од два часа

Сподели со своите пријатели

Најмалку три земјотреси ја погодија Грција за помалку од два часа, јавува ЕМСЦ.

Loading...

Најсилниот земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција утрово во 6 часот и 54 минути. Регистриран е на 30 километри од Патра, на длабочина од пет километри.

Пред него, земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди земјата во 6:40 часот, исто така во близина на Патра, на длабочина од шест километри.

Првиот земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јужна Грција, јавува EMSC.

Земјотресот е регистриран во 5:11 часот на 15 километри од Захаро на Пелопонез.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Околу 1.500 луѓе евакуирани на Крит поради пожар

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

 

Loading...