ФК Куманово 2012 и ФК Куманово Еуроспорт на силен меѓународен турнир во Малта

Сподели со своите пријатели

Фудбалските клубови Куманово 2012 и Куманово Еуроспорт ќе настанат на силен турнир во Малта со својата 2014 генерација фудбалери.

Екипата на ФК Куаново на овој турнир ке учествува за прв пат додека пак екипата на ФК Еуроспорт има неколку пати учествувано.

– Целата работа за учество на овој силен турнир оди преку Престедателот на ФК ЕУРОСПОРТ Александар Маневски кој и самиот е организатор на меѓународни турнири кои се одржуваат во нашиот град и се турнири број еден во Македонија. Инаку Александар Маневски е и кандидат за претседател на ОФС Куманово кој ке биде избран во март оваа година, изјави Тони Раденковиќ, тренер на ФК Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Први резултати за Куманово: Обрботени над 14.000 гласа

 

 

Тој им посакува среќа на двете екипи со надеж дека достојно ќе го претстават и градот и државата на претстојниот турнир кој започнува на 17ти јануари.

Никола Ивановски