Во урнатиот авион во Казахстан имало 67 патници, 12 преживеаја (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Патнички авион „Азербејџан ерлајнс“, со 67 патници и пет членови на екипажот, кој од Баку се движел кон Грозни, се урна во близина на градот Актау.

Loading...

Преживеале 12 патници.

Според првите информации, авионот бил принуден да го промени курсот поради густата магла.

Авионот испратил сигнал „СОС“ над Каспиското Море.

Министерството за вонредни состојби соопшти дека противпожарните служби го изгаснале пожарот, а на преживеаните им била укажана помош во блиската болница.

Како што пренесува Телеграмскиот канал „112 KZ“, на местото на авионската несреќа во моментов пристигнале 52 специјалци и 11 единици опрема од Министерството за вонредни ситуации на Казахстан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Научниците предупредуваат на можно страшно сценарио од 1815 година, но со посериозни последици

„По пристигнувањето било утврдено дека леталото гори. Спасувачките единици почнале да го гаснат пожарот“, се наведува во пораката.

Во моментов во командниот центар на Министерството за вонредни состојби е формиран оперативен штаб.

Loading...

Се разјаснуваат информациите за жртвите од авионската несреќа.

Според првичните податоци, има преживеани.