Најмалку едно лице загина, а седум се повредени во експлозија на гас во трговски центар во рускиот град Владикавказ, соопштија локалните служби за итни случаи.
Интерфакс јавува дека експлозијата се случила на третиот кат од трговскиот центар додека вработените ги подготвувале продавниците за отворање.
Експлозијата предизвика пожар, а во моментов околу 800 квадратни метри малопродажен простор е зафатен во пламен, вклучувајќи го и покривот на зградата.
UPDATE: Tragic outcome in #Vladikavkaz shopping center explosion.
1 person confirmed dead, 8 others injured.
Russian emergency services working tirelessly at the scene.
Thoughts with the victims and their families.
Investigation underway to determine cause.#EMERCOM pic.twitter.com/jffn9DjPYW
— Facts Prime (@factsprime35) December 25, 2024
Претседателот на руска Северна Осетија најави дека е на лице место, каде што е распореден и оперативниот штаб, а во тек е и процесот на гаснење на пожарот.
На социјалните мрежи се појавија првите видеа на кои се гледа дека од експлозијата пукнале прозорците, додека од зградата извира чад.
💥 Russia: Shopping mall blew up in Vladikavkaz. Gas leak suspected. pic.twitter.com/UZ5xHep6kE
— Igor Sushko (@igorsushko) December 25, 2024