Романија има нова влада. Премиерот порача: Нема да биде лесно!

Сподели со своите пријатели

Романскиот парламент ја избра новата проевропска коалициска влада предводена од актуелниот премиер Марсел Чолаку.

Loading...

За новата влада синоќа гласаа 240 пратеници, а против 143 од вкупно 466 пратеници, пренесе АП.

Новата владејачка коалиција ја сочинуваат Социјалдемократската партија (ПСД) на Марсел Чолаку, Десничарската Национал-либерална партија (ПНЛ), унгарската партија УДМР и партиите на националните малцинства.

– Нема да биде лесен мандат за идната влада – рече Чолаку, чија партија ПСД освои најмногу пратенички места на парламентарните избори на 1 декември.

Чолаку посочи дека е свесен дека во моментов во Романија владее длабока политичка криза и криза на доверба, наведувајќи дека целта на новата влада е да ја врати довербата кај народот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Смртноста од ковид-19 во постојан пад пет години по избивањето на пандемијата

Екстремната десница постигна значителни придобивки на парламентарните избори во Романија одржани на 1 декември, една недела откако десничарскиот независен кандидат Калин Георгеску победи во првиот круг од претседателските избори.

Во декември Уставниот суд ги поништи резултатите од првиот круг од претседателските избори поради, како што наведе, мешањето на Русија во изборниот процес.

Новата влада треба да одреди датум за одржување претседателски избори.

Loading...