Коледарите ги набраа бадниковите гранчиња (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Членовите на здружението на граѓани Коледари од Куманово викендов во селото Колицко ги набраа бадниковите гранчиња.

Loading...

Како што информираат од здружението, програмата за прослава на Бадник е веќе подготвена и се очекува масовно присуство на верниците.

На 6ти јануари со почеток во 10:30 часот коледарите ќе се соберат во Касапски круг, а еден час подоцна ќе започне литургија во Соборниот храм „Свети Никола“ каде ќе се подели и коледарска погача.

Точно напладне ќе започне коледарската поворка низ улиците на градот, а по половина час ќе пристигне на Градскиот плоштад.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  700 парчиња пиротехника пронајдени кај кумановец

 

Годинава на манифестацијата ќе присуствуваат и граѓани со зурли од Галичник.

Loading...

На плоштадот ќе има обраќање новиот кум, а ќе бидат поделени и бадниковите гранчиња, греена ракија и овошје.

– Дружење со граѓаните до 13:30 часот пропратено со музика, честитање меѓу себе и потоа сите се враќаме во своите домови за да го продолжиме празнувањето бидејќи ова е сепак домашен празник, велат од здружението.

Кум на годинешното 25то издание на манифестацијата е Драган Трајковски.

Здружението „Коледари“ ги повикува сите граѓани на Куманово да им се придружат на чествувањето на Бадник.

Никола Ивановски