Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека ЕУ ја изгубила војната во Украина.
Орбан во интервју за М1 рече дека мирот во Украина е „на дофат“ и дека „ќе започне нов свет“ со инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп на 20 јануари.
– Русите беа спремни да се согласат на Божиќното примирје што го предложив пред неколку дена, а Украинците се уште не, но православниот Божиќ се уште не пристигнал – изјави премиерот на Унгарија.
Според него, ситуацијата во Украина е јасна, Русите напредуваат, а ЕУ ја загуби војната.
Орбан оценува дека Европа ќе плати висока цена бидејќи, како што наведе, не ја прифаќа новата реалност што се појави по победата на Трамп на изборите.
Унгарскиот премиер рече дека не е неопходно тој да посредува во разговорите меѓу САД и Европа.
Меѓу 27-те членки на ЕУ, Унгарија и Словачка отворено ги поддржуваат мировните преговори за Украина, додека другите членки отворено поддржуваат продолжување на војната или не се изјаснуваат јавно.