Германската полиција уапси маж кој се заканувал со масакр

Сподели со своите пријатели

Германската полиција синоќа уапси маж од Бремерхавен кој на социјалните мрежи објавил закана дека на Божиќ ќе оди на локален саем и ќе го избоде секој што изгледа како да има арапско потекло.

Loading...

Полицијата соопшти дека човекот кој ги испратил заканите е уапсен и дека нема опасност за населението, објави денеска германскиот весник „Велт“ (Ди Велт).

Во видеото објавено на социјалните мрежи, човекот рекол дека планира да го избоде секој што изгледа арапски јужно на градскиот саем на 25 декември, на католичкиот Божиќ.

– Ќе земам доволно ножеви со себе. Ова не е шега. Немам што да изгубам. Лесно можам да завршам во затвор или да бидам мртов – вели тој во објавата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија планира да продолжи со префрлање на мигранти во Албанија во јануари

По приведувањето, полицијата соопшти дека веќе се преземени дополнителни мерки.

Заканата од масакр дојде два дена откако Талеб ал Абдулмохсен од Саудиска Арабија во петокот изврши напад врз посетителите на божиќниот саем во германскиот град Магдебург, при што уби пет лица, меѓу кои и едно деветгодишно момче.