Глобалната побарувачка за јаглен е поголема од кога било

Сподели со своите пријатели

Глобалната побарувачка за јаглен е поголема од кога било досега, објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

Loading...

Потрошувачката на јаглен силно закрепна по остриот пад за време на пандемијата на коронавирус, објави ИЕА.

Според проценките на агенцијата, оваа година би требало да изнесува рекордни 8,77 милијарди тони.

Побарувачката ќе остане релативно стабилна до крајот на 2027 година, бидејќи обновливите извори на енергија играат сè поголема улога во производството на електрична енергија и намалената потрошувачка на јаглен во Кина, очекува ИЕА.

Директорот на ИЕА за енергетски пазари и безбедност Кеисуке Садамори рече дека брзото распоредување на технологии за чиста енергија го менува глобалниот сектор на електрична енергија, кој сочинува две третини од светската потрошувачка на јаглен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италиански град воведе забрани: Од 1 јануари нема пушење ниту на отворено, казни до 250 евра

„Меѓутоа, временските фактори – особено во Кина, најголемиот светски потрошувач на јаглен – ќе имаат големо влијание врз трендовите на краткорочната побарувачка на јаглен. Брзината со која расте побарувачката за електрична енергија исто така ќе биде многу важна на среден рок“, рече Садамори.

Електричниот сектор во Кина е особено важен за глобалниот пазар на јаглен, бидејќи една третина од светската потрошувачка на јаглен се согорува во електраните во таа земја.

Побарувачката на јаглен во Кина се очекува да порасне за еден процент на 4,9 милијарди тони во 2024 година, додека индиската би можела да се зголеми за повеќе од пет проценти до 1,3 милијарди тони.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уапсен е командантот на воената разузнавачка служба на Јужна Кореја

Во ЕУ и САД побарувачката на јаглен годинава паднала за 12, односно пет отсто. Падот во 2023 година беше 23 и 17 проценти, соодветно.