Уапсен е командантот на воената разузнавачка служба на Јужна Кореја

Сподели со своите пријатели

Командантот на јужнокорејската воена разузнавачка служба, Мун Санг-хо, кој е осомничен дека учествувал во воведувањето на воена состојба, е уапсен денеска, соопштија јужнокорејските власти, пренесува Танјуг повикувајќи се на Јонхап.

Loading...

Мун е осомничен дека на 3 декември испратил единици од неговата команда до канцеларијата на Националната изборна комисија во Гвачеон, јужно од Сеул, откако тогашниот претседател Јун Сук Јеол прогласил вонредна состојба.

Тој исто така е осомничен дека разговарал за операции за воена состојба со Но Санг-вон, поранешен шеф на военото разузнавање, заедно со уште двајца подредени, два дена пред Јун да прогласи воена состојба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Глобалната побарувачка за јаглен е поголема од кога било

Претходно беше соопштено дека е уапсен и началникот на Генералштабот на армијата на Јужна Кореја, генерал Парк Ан-су, кој беше врховен командант за време на краткорочното воведување на воена состојба во оваа азиска земја.

Парк беше уапсен во вторникот, бидејќи командантот на воената состојба издаде наредба за забрана на сите политички активности.

Пред Парк, беа уапсени поранешниот министер за одбрана Ким Јонг-хјун и тројца воени команданти кои беа вклучени во акции поврзани со воведување на воена состојба, како што е распоредувањето на воен персонал во Националното собрание. Се вели дека Ким го советувал претседателот да прогласи вонредна состојба.