Трамп: Турција вмешана во падот на Башар ал Асад

Сподели со своите пријатели

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Турција била вмешана во падот на режимот на поранешниот сириски претседател Башар ал Асад преку нејзината поддршка за Хајат Тахрир ал Шам (ХТС), исламистичката група која го предводеше нападот врз Дамаск претходно овој месец.

Loading...

Трамп рече дека Турција извршила „непријателско преземање без многу изгубени животи“ во Сирија, што Анкара го негира.

Новоизбраниот американски претседател нагласи и дека Турција ќе игра клучна улога во иднината на Сирија и го пофали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува Блумберг.

Трамп рече дека Ердоган е „паметен“ и дека има „голема воена моќ“, но дека во моментов никој не знае каков ќе биде конечниот исход во регионот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Судија ја спречи администрацијата на Трамп да префрли трансродово лице во машки затвор

САД и Турција, како и Обединетите нации, ја означуваат ХТС за терористичка група, иако сите воспоставија комуникација со неа откако беше соборен Асад.

Анкара негираше вмешаност во падот на режимот на Асад, но останува клучен играч кој се бори за влијание во Сирија, заедно со Израел и САД, според Блумберг.

Се додава дека турските власти се надеваат на подобра соработка во регионот со САД, сојузник на НАТО, под Трамп.

САД долго време ги поддржуваа курдските Сириски демократски сили (СФД) во борбата против Исламската држава, и покрај критиките од Анкара.

Loading...

Турција вели дека курдските сили на ЈПГ, фракција на СФД, се исто така дел од Курдистанската работничка партија (ПКК), против која Турција се бори 40 години и ја прогласи за терористичка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Министрите за одбрана на САД и Јапонија договорија јакнење на сојузот

Вашингтон, исто така, ја означи ПКК како терористичка, но вели дека има разлики меѓу неа и ЈПГ.

Од падот на Асад, судирите меѓу СФД и Сириската национална армија поддржана од Турција продолжуваат.

Турција бара разоружување на ЈПГ и заминување на нејзините странски борци од Сирија, а турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер во саботата рече дека новата сириска влада го дели ставот на Анкара за разбивање на курдската војска.