Русите се заканија за убиството на генералот: Ќе ви се одмаздиме

Сподели со своите пријатели

Украинската служба за државна безбедност (СБУ) ја презеде одговорноста за убиството на висок руски воен функционер во Москва во вторникот наутро, изјави извор од СБУ за АФП, а Русија најави одмазда за чинот.

Loading...

„Денешното убиство на генерал-полковник Игор Кирилов, командант на руските единици за нуклеарна, биолошка и хемиска заштита, е специјална операција на СБУ“, рече изворот.

Дмитриј Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, во вторникот изјави дека украинското раководство ќе се соочи со одмазда за убиството на висок руски генерал, пренесе новинската агенција РИА.

„Разбирајќи ја неизбежноста на сопствениот воен пораз, тој започнува одвратни кукавички напади во мирните градови“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

Генерал-полковник Игор Кирилов, кој беше командант на руските сили за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана, беше убиен пред станбена зграда во Москва заедно со помошник, соопшти претходно во вторникот руската комисија за истрага на тешки злосторства.

Кирилов, кој командуваше со силите за нуклеарна одбрана, е убиен рано утринава од бомба скриена во електричен скутер.

Генерал-полковникот е убиен пред станбена зграда на Рјазански проспект, 7 километри југоисточно од Кремљ.

Фотографиите објавени на руските канали Телеграм го покажуваат уништениот влез на зградата покриен со урнатини и две тела кои лежат во крвавиот снег.

Loading...

Од воени и полициски извори се дознава дека атентатот би можел да биде прогласен за терористички чин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин

Руските единици за радијациона, хемиска и биолошка одбрана, познати како РКхБЗ, се специјални сили кои дејствуваат во услови на радијација, хемиска и биолошка контаминација.