Паравоените сили во Судан обвинети за сексуално насилство врз девојчиња и жени

Сподели со своите пријатели

Хјуман рајтс воч (ХРВ) ги обвини паравоените сили во Судан за сексуално насилство врз девојчиња и жени на југот на таа источноафриканска земја.

Loading...

Во извештајот објавен денеска, организацијата за човекови права тврди дека документирала десетици случаи во кои жени и девојки, на возраст меѓу седум и 50 години, се жртви на сексуално насилство.

Овие злосторства беа пријавени во областа Јужен Кордофан, која во голема мера е контролирана од силите на Суданското народно ослободително движење-Север (SPLM-N).

Силите за брза поддршка (РСФ), кои се борат против армијата на генералот Абдел Фатах ал-Бурхане во Судан од април 2023 година, се судираат со силите на СПЛМ-Н за контрола на регионот Јужен Кордофан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен раст на цената на нафтата на почетокот на декември

Во Судан продолжува конфликтот меѓу армијата и одметнатите сили на РСФ, кој прерасна во граѓанска војна и ја подели земјата.