Захарова: ОБСЕ ја продлабочува поделеноста во Европа

Сподели со своите пријатели

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, изјави денеска дека Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ја продлабочува поделбата во Европа, тврдејќи дека ќе започне со подготовка на Украина за прием во ЕУ и НАТО.

Loading...

Захарова истакна дека ОБСЕ сега го заобиколува мислењето на Русија и Белорусија, „назначува“ непознати претставници и го продлабочува раздорот на европскиот простор, играјќи во корист на милитаристичките блок-структури во кои не се вклучени мнозинството членки на ОБСЕ, објави Риа Новости.

„Да ве потсетам дека буквите „S“ и „C“ во кратенката ОБСЕ (OSCE) значат „безбедност“ и „соработка“ – каде се тие сега? „Западот се обидува да ги реинтерпретира тие термини како „лудило“ и „самоубиство““, заклучи таа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фицо: Украина ќе изгуби третина од територијата, ќе ја поделат како Чехословачка

Како што беше наведено претходно, специјалниот претставник на ОБСЕ за Украина, Петр Мареш, изјави дека организацијата ќе започне со подготовка на Украина за прием во ЕУ и НАТО, пренесува Танјуг.

„Нема да им испраќам Ф-16, тенкови Абрамс или ракети, но ќе ги подготвам за идното партнерство на Украина и членството во ЕУ и НАТО – тоа се моите задачи“, рече Марез.