Претпладне нестабилност ќе има на истокот, а од пладне променливо и нестабилно време ќе има на повеќе места низ државата со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен претежно северозападен ветер.Минималните температури ќе се движат од 8 до 16, а максималните дневни вредности ќе бидат во интервал од 23 до 31 степени целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7.
Во Куманово и околината ќе имаме променливо облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови не очекува повторно нестабилност проследена со дожд, грмежи и умерен до засилен ветер од северен, односно северозападен правец. Максималната дневна температура ќе го достигне 24от степен.
Loading...
Во наредните денови во попладневните часови ќе има нестабилност со променлив интензитет проследена со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер, особено денес и утре кога се очекува на повеќе места процесите да бидат поинтензивни.
Во останатите денови од работната седмица нестабилноста ќе биде локална и со послаб интензитет. Во среда дневните, а во четврток утринските температури ќе се пониски за 2 до 3° С.