Димитриевски на 5. Глобален самит на Мрежата на силни градови во Кејптаун

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски присуствува на 5-тиот Глобален самит на Мрежата на силни градови во Кејптаун, Јужноафриканска Република.

Loading...

Повеќе од 220 претставници од локални и национални влади, граѓанско општество, вклучувајќи градоначалници и други високи функционери од повеќе од 115 градови од 50 земји и пет континенти, дискутираа на тема како да се спречат говорот на омраза, екстремизмот и поларизацијата.

 

 

Беше претставена платформата за споделување иновативни пристапи за заштита на човековите права и зајакнување на социјалната кохезија во услови на последователни глобални кризи, како и начини за одржување на таквите напори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изложба на графики „Живи форми“ од Мирослава Цветковиќ во Куманово

Градоначалникот Димитриевски ја претстави местоположбата на општина Куманово, етничката и национална структура на населението, приоритетните проблеми, со кои се соочуваме и можности за нивно решавање.

 

Loading...

 

Потенцираше дека нeгативните појави треба да се решаваат преку поголема соработка и координација на институциите на локално и централно ниво, истакнувајќи го подобрувањето на односите меѓу верските заедници и локалните власти, преку промовирање на иницијативи, кои ќе ги зближат различните заедници.

Плодната дискусија се движеше во насока дека треба да бидеме транспарентни во справување со инциденти и промовирање на иницијативи кои ќе нè сплотат, со цел да обезбедиме инклузивна средина за сите.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Играчки, мотоцикл, облека и кафе запленија цариниците на Табановце (ФОТО)

 

Димитриевски резимираше дека од особено значење е решавање на основните социо-економски разлики кои можат да ги влошат тензиите, повисоко ниво на соработка со верските заедници, соработка со невладини домашни и меѓународни организации, како и промовирање на толеранција и разбирање, споделување на пораки за единство, споделување на знаење и добри практики.

Loading...

Глобалниот самит на Мрежата на силни градови го прикажува напредокот постигнат со имплементација на приоритетните области од 4 – тиот Самит, кој се одржа во Њујорк во септември 2023 година.