Што најмногу пребаруваа Македонците во 2024? На Гугл го бараат Гугл!

Сподели со своите пријатели

Технолошкиот гигант Гугл ја објави листата со најчесто пребаруваните поими за 2024 година, а има податоци и за Македонија.

Loading...

Македонските граѓани на Гугл најмногу го пребарувале терминот „translate“ односно „преведи“, но изненадува фактот што на Гугл го барале Гугл и тоа е всушност вториот најчест поим кој бил пребаруван.

Следуваат поимите „time“(веројатно агрегарот за вести), „weather“ односно прогноза, а на Гугл Македонците го барале и Јутуб и тоа е петиот најпребаруван поим.

 

 

Во топ 10 најчести пребарувања се најдоа и „time mk“, „translate google“, „facebook“, „reklama5“ и „rezultati“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Паднаа“ Инстаграм и Фејсбук

Листата на поимите со најголем пораст на фреквенцијата на пребарување од последниот временски период е поразителна. Најмногу се барале коцкарници и кои се неработни денови.

Loading...

Кога е во прашање пребарувањето на фотографии преку алатката Google Images, топ 5 најпребарувани поими се „black“, „2024“, „skopje“, „wallpaper“ и „bmw“.

Во десете најпребарувани поими изгледаат вака: „in“, „google“, „youtube“, „you“, „weather“.

Никола Ивановски