Нова фабрика во индустриската зона во Куманово: Инвестиција од 7 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Швајцарската компанија „ДМ Бау Интернационал“ ќе инвестира седум милиони евра и ќе отвори 200 нови работни места во индустриската зона во Куманово.

Loading...

Станува збор за компанија која произведува модуларни објекти, а за инвестицијата ќе добие и државна помош, за чија цел денеска премиерот Христијан Мицкоски потпиша и догоро.

– Договорот за државна помош кој се потпишува денес предвидува инвестиција од најмалку 7 милиони евра во следните 5 години и најмалку 200 нови работни места. Согласно последните информации добиени од менаџментот на компанијата, инвестицијата ќе го надмине овој минимален износ на кој договорно се обврзува, рече Мицковски.

Инвестицискиот план вклучува вложувања во купување на земјиште, целосна изградба на погоните и нивно опремување со машини и опрема за производство на модуларни објекти со различна намена.

Покрај производството на ваквите објекти, компанијата се јавува и како изведувач на истите.

Со годишен обрт од околу 10 милиони швајцарски франци, над 70 вработени и 30-тина проекти годишно, ДМ Бау се вбројува меѓу најголемите европски производител во овој сегмент.

– Моменталното производство се одвива на две локации во Швајцарија, а плановите за интернационализација и зголемување на капацитетите ДМ Бау одлучи да го реализира преку Македонија. Во индустриска зона во близина на Куманово, ДМ Бау Интернационал ќе изгради голем комплекс составен од повеќе објекти за производство, монтажа и складирање, со вкупна површина од околу 35.000 метри квадратни под покрив, рече Мицкоски.

За таа цел, како што посочи премиерот, компанијата во 2024 година купила земјиште со големина од околу 72.000 метри квадратни.

Loading...

– Моментално таму се изведуваат првични земјени работи за нивелирање на земјиштето, по што, во текот на 2025 година ќе отпочне изградбата на нивните производни погони. Ќе напоменам дека компанијата ДМ Бау Интернационал е во сопственост на наш сограѓанин, со потекло од Македонија, кој живее и работи во Швајцарија, но одлучи своите инвестициски планови да ги реализира токму во нашата земја, рече Мицкоски.

ДМ Бау Интернационал е дел од групација ДМ Бау – швајцарски производител на модуларни објекти со преку 100 години историја.