Небензја до Американците: Дајте ни 10 милиони, знаеме како да ви помогнеме

Сподели со своите пријатели

Постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја на шега им понудил да им помогне на Американците да го пронајдат водачот на групата „Хајат Тахрир ал-Шам“, Абу Мухамед ал-Џулани (терористичка организација забранета во Русија), во замена за ветената награда.

Loading...

„Стејт департментот го признава Ал-Џулани како водач на Хајат Тахрир ал-Шам и нуди награда од 10 милиони долари за помош во неговото апсење. Им реков на Американците: дајте ни 10 милиони. Знаеме како да ви помогнеме. Ќе ви ја дадеме адресата каде што можете да го најдете“, им рече Небензја на новинарите по консултациите на Советот за безбедност на ОН за Сирија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цел кварт исчезна за само шест часа: Фрапантни сателитски снимки од пожарите во Лос Анџелес!

Рускиот дипломат не откри дали Американците се согласиле со предлогот.

Како што рече, статусот на таа група како терористичка организација е „проблем“.

Русија ќе ја следи ситуацијата во Сирија, сите, вклучително и членовите на Советот за безбедност на ОН, беа изненадени од промената на власта во таа земја, изјави дипломатот.

„Советот, би рекол, беше повеќе или помалку едногласен во однос на потребата да се зачува територијалниот интегритет на Сирија и да се обезбеди заштита на цивилите“, нагласи Небензја.

Според него, консултациите на Советот за безбедност на ОН за Сирија, кои се одржаа во понеделникот, биле позитивни.

Членовите на Советот разговараа за потребата од изработка на документ поврзан со ситуацијата во Сирија, на него ќе работат во наредните денови, додаде Небензја.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Курдскиот лидер ги повика САД да останат во Сирија