Шефот на кабинетот на братот на Асад пронајден мртов

Сподели со своите пријатели

Шефот на кабинетот на братот на соборениот претседател на Сирија, Башар ал Асад, е пронајден мртов во неговата канцеларија во близина на главниот град Дамаск, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права.

Loading...

Невладината организација со седиште во Велика Британија соопшти дека генерал-мајор Али Махмуд, началникот на Генералштабот на Махер Асад, ја предводел воената операција во јужна Сирија во 2018 година, пренесува Асошиетед прес.

На видеото кое се рашири на социјалните мрежи може да се види дека Махмуд седи на стол облеан во крв, а се чини дека неговата облека гори, пренесе АП.

Директорот на Сириската опсерваторија за човекови права Рами Абдурахман рече дека не е јасно дали Махмуд бил убиен од Махер Асад или се самоубил.

Махер Асад ја предводеше четвртата оклопна дивизија на сириската армија, која одигра голема улога во граѓанската војна во Сирија од почетокот на март 2011 година.

Башар ал Асад, кој владее со Сирија од 2000 година, вчера побегна во Москва и доби азил од Русија, неколку часа откако бунтовниците ја презедоа контролата врз Дамаск.