Бројот на загинати во експлозијата во Хаг се искачи на шест

Сподели со своите пријатели

Рано утринава спасувачите од урнатините извлекоа шесто тело, стравувајќи дека може да има уште жртви од експлозијата што се случи во саботата наутро во Хаг.

Loading...

Полицијата досега идентификувала четири жртви, двајца мажи на возраст од 45 и 31 година, 41-годишна жена и 17-годишна тинејџерка.

Во болница се префрлени четири лица, од кои две се во тешка состојба.

Властите не знаат колку луѓе имало во зградата во моментот на експлозијата.

Тешка идентификација

Идентификацијата на телото била возможна само преку ДНК анализа, што дополнително ја отежнува истрагата.

Полицијата се уште не соопштува што ја предизвикало експлозијата, но главниот обвинител вчера на новинарите им изјави дека има индиции дека се работи за кривично дело.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шведскиот премиер: Пукањето во училиште е најлошото во историјата на земјата

Полицијата особено сака да разговара со возачот на автомобилот кој бил виден како со голема брзина се оддалечува од местото на настанот во саботата во 6.15 часот.

Деталната истрага за причините за експлозијата не може да започне додека не заврши потрагата по жртвите под урнатините, соопштија властите.

Loading...