„Кочо Рацин“ победник во Oпштинската училишна футсал лига

Сподели со своите пријатели

Екипата на Основното училиште „Кочо Рацин“ е победник во футсал лигата во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт (ОСУС) Куманово.

Loading...

Во лигата учествуваа 15 основни училишта со исто толку тимови, со играчи од осмо и девето одделение и беа одиграни 52 натпревари.

 

 

Второпласиран е тимот на „Бајрам Шабани“, а на трето место училиштето „Крсте Мисирков“.

Првите три екипи добија пехар и диплома, додека екипата на „Јероним де Рада“ како четвртопласирани добија само диплома за учество.

 

Loading...

 

За прв пат се организира ваков вид на натпреварување на ниво на Куманово, а целта велат од Општинскиот сојуз на училишен спорт е да се анимираат младите, но и да се откријат потенцијални таленти кај децата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Оџак предизвика пожар на семејна куќа во Куманово

Никола Ивановски