Нема лет до Месечината пред април 2026 година: НАСА повторно го одложи лансирањето

Сподели со своите пријатели

Програмата Artemis на НАСА повторно е одложена. Мисиите планирани за враќање на луѓето на Месечината дополнително ќе бидат одложени, така што првиот лет со екипаж до орбитата на Месечината планиран за септември 2025 година е одложен за април 2026 година, објави вечерва администраторот на НАСА, Били Нелсон.

Loading...

Ова одложување е поврзано со проблеми со капсулата Орион, која ќе ја користат астронаутите.

Агенцијата објави дека штитот од прегревање при влегување во атмосферата на Земјата не работи добро, а тоа е утврдено за време на мисијата Артемида I во 2022 година.

– Вселенската агенција направи детални тестови за подобро разбирање на ризикот за нашите астронаути за време на враќањето на Месечината – изјави Нелсон, а пренесува Си-Ен-Ен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина има повеќе од една милијарда претплатници на 5G технологијата

 

 

Преку тестирање ја открија причината за проблемот со капсулата Орион, но сега е потребно сето тоа да се поправи за да не бидат загрозени животите на вселенските патници.

Loading...

Пем Мелрој, заменик-администратор на НАСА, потврди дека проблем е враќањето на Земјата поради посебен маневар при кој се загрева капсулата.

Програмата Артемис е именувана по старогрчката божица Артемида (на англиски Артемис), сестрата близначка на богот Аполон (Apolo).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина има повеќе од една милијарда претплатници на 5G технологијата

Со програмата Аполо Америка стана првата и единствена земја која успеа да испрати луѓе на Месечината, но и победи во вселенската трка.