ВЛЕН: Членови на семејството на Џелал Бајрами палеле автомобили во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пропаднаа обидите за сеење страв, во Куманово членови на семејството на Џелал Бајрами палеле автомобили, велат денеска од коалицијата ВЛЕН откако полицијата соопшти дека е приведено едно лице осомничено за палењето автомобили и дуќан во Куманово, дел во сопственост на членови на ДУИ.

Loading...

Во продолжение интегралното соопштение:

„ДУИ од позицијата кога беше на власт ја уништи благосостојбата на граѓаните, предизвикувајќи длабока економска криза. Сега опозицијата се обидува да ги искористи чувствителните случаи за ниски политички поени, создавајќи неизвесност и страв кај граѓаните. Значи, да ја исполниме зададената мисија да го направиме ова место неиздржливо за живеење. Но, за среќа, ние ВЛЕН сме тие што ги штитиме и се грижиме за граѓаните.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  37-годишник нападнат со тврд предмет во Иго Тричковиќ

Грижата не е само збор туку и дело, а тоа се докажа денеска кога високата одговорност и бескомпромисната професионалност на истражните органи откри случај кој открива многу. Со апсењето на лицето што запали автомобили и објект во Куманово, се открива долгоочекуваната вистина за граѓаните на оваа држава, но и за сите останати.

Со новата Влада, како и секој друг случај, и овој случај беше истражен во рекордно време, што уште повеќе и подобро ја разјаснува ситуацијата. Уапсениот е член на семејството на обвинителот Џелал Бајрами, чиј автомобил исто така е запален. Но, како резултат на лажниот театар, овој никаде не се појави да подигне сомнеж за да создаде јасен терен неговата партија да одржува прес-конференции и да ги вознемирува граѓаните бидејќи ситуацијата излезе од контрола.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  38-годишник натепан во Студена бара

Јавноста сега ќе има уште поголема јасност од кои центри се издаваат наредбите за нарушување на редот и мирот. Затоа што е апсурдно само по себе да се користат вакви случаи за сеење страв во сржта на граѓаните. Затоа што по принципот на нивното работење, исплашените граѓани полесно се манипулираат. А ние како ВЛЕН на сегашната Влада ова не го дозволивме и нема да дозволиме никаков сличен обид во иднина.

Го повикуваме ДУИ да има конструктивна улога во опозицијата, бидејќи на нашето општество како аспирација за членство во европското семејство му треба сериозна и одговорна опозиција. Но не со контаминирани фигури и со овие скапани идеи кои не даваат резултати, ако продолжат вака ДУИ ќе остане уште долго во опозиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановската Гимназија одбележа 153 години од раѓањето на Гоце Делчев (ФОТО)

Помина времето кога Албанците беа малтретирани и казнувани без своја вина. Албанците со ВЛЕН во владата се безбедни и заштитени.

Loading...

BЛЕН е гаранцијата на Албанците за подостоинствен живот, во мир, со напредок и стабилност“, стои во соопштението.