Јужнокорејскиот министер за одбрана поднесе оставка!

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Џонг-хјун му се извини на народот и објави дека ја поднел својата оставка до јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол поради последните настани во земјата, објави државната новинска агенција Јонхап.

Loading...

Јун вчера прогласи вонредна состојба за „да се спротивстави на силите кои ја поддржуваат Северна Кореја и да го одржат либералниот уставен поредок“.

Одлуката предизвика масовни протести во Сеул, а парламентот на Јужна Кореја подоцна гласаше за укинување на вонредната состојба.

Претседателот излезе со соопштение во кое наведува дека ја повлекол војската која учествувала во спроведувањето на одлуката за вонредна состојба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Позадината на кризата во Јужна Кореја. Јун има низа афери