Британски министер: Руската вмешаност може да се види во многу светски конфликти

Сподели со своите пријатели

Руската вмешаност може да се види во многу војни кои моментално се водат низ светот, изјави денеска британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами.

Loading...

На состанокот на НАТО во Брисел, тој ги повика членките на таа алијанса да се „сериозно“ во однос на доделувањето средства за трошоците за одбрана, пренесе Ројтерс.

„Живееме во опасни времиња. И додека ги гледаме конфликтите ширум светот, со војната овде на нашиот континент – во Европа, ја гледаме масовната агресија на Блискиот Исток, со постојаното влијание на Иран на Блискиот Исток и со растечките конфликти во Судан и сега во Сирија има една земја која е многу вклучена во тоа, а тоа е Русија“, рече Лами, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: 48.000 барања за ДНК анализа на исчезнатите војници