Група од 38 виетнамски туристи исчезна на островот Џеџу во Јужна Кореја, соопштија утрово властите.
Loading...
Исчезнатите туристи биле дел од група од околу 90 луѓе кои пристигнале во Џеџу на 14 ноември од виетнамската На Транг со чартер лет на компанијата „Виетџет ер“, се наведува во соопштението за печатот на туристичката организација, пренесе Јонхап.
Исчезнатите туристи се одвоиле од остатокот од групата пред планираното враќање на 17 ноември, додека остатокот од групата се качил на лет за Виетнам.
Туристите кои го посетуваат островот можат да останат до 30 дена без виза. Групата немала визи и легално може да остане на островот до 14 декември, пренесува Танјуг.