Асад: Ќе ги елиминираме терористите кои ја започнаа офанзивата на северот

Сподели со своите пријатели

Сирискиот претседател Башар ал Асад вети дека ќе ги елиминира терористите кои започнаа нова офанзива на северот на земјата.

Loading...

За време на телефонскиот разговор со лидерот на Абхазија, Бадр Гунба, тој рече дека Сирија ќе ги елиминира и спонзорите и поддржувачите на терористите.

Асад изјави дека силите кои се борат на негова страна ќе продолжат да ја бранат стабилноста и територијалниот интегритет на Сирија, пренесе RT.

– Тероризмот го разбира само јазикот на силата и тоа е јазикот што ќе го скршиме и ќе го употребиме за да ги елиминираме, заедно со нивните поддржувачи и спонзори, кои и да се – истакна Асад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Песков за ситуацијата во Сирија: Русија продолжува да го поддржува Асад

Тој додаде дека сириската армија со помош на своите сојузници може да ги „погоди терористите“ и оние кои ги поддржуваат.