АА: Куманово повторно е избрано за арена за опасни сценарија

Сподели со своите пријатели

Партијата Алијанса за Албанците денеска преку соопштение истакна дека Куманово повторно е избрано за арена за опасни сценарија, по палењето автомобили и дуќан на функционери на ДУИ утринава.

Loading...

Нивното соопштение ви го пренесуваме интегрално:

„Вербалните закани, говорот на омраза и антиалбанската реторика поттикнати и од владини политички експоненти и националистички групи, почнаа на дело да се реализираат со напади врз Албанците и нивниот имот, како што беше случајот синоќа во Куманово каде беа запалеми канцеларија и три возила сопственост на Албанците.

За жал, како и во минатото така и сега, Куманова повторно е избрана за арена за опасни сценарија и следен удар врз Албанците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Што носат првите декемвриски денови?

По последователни настани, изјави започнати во текот на кампањата, владини одлуки, инциденти за време на празникот 28 ноември и сега со палењето на имотот на албанци во Куманово, јавно прашуваме кој стои зад целата оваа кампања и кој си игра со оган? Можеби таканаречениот „српски свет“, заедно со нивните слуги во Северна Македонија, сакаат слична дестабилизација како што се обидоа пред неколку денови во Косово.

Следејќи ги со загриженост состојбите и последните случувања, ги повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да не станат плен на вакви провокации и сценарија, а Владата и надлежните институции итно да дејствуваат да ги спречат. Ги повикуваме албанските партии во Владата да стават крај на нивната авантура за која од почеток ги предупредувавме и да не станат марионети на нивните партнери кои отворено ги искажаа своите планови против Албанците, туку да се вратат кај народот заедно да ја запреме оваа опасна кампања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Безбедносната состојба во Куманово е стабилна, оцени заменик министерот

Алијансата за Албанците ја повикува меѓународната заедница директно да интервенира за да се спречат ваквите настани и оваа кампања која ја загрозува не само земјата, туку и целиот регион“, стои во соопштението.