Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп „не е безбеден“, изјави рускиот лидер Владимир Путин.
Путин рече дека е запрепастен од начинот на кој се водеше изборната кампања во САД, наведувајќи ги „апсолутно нецивилизираните методи кои се користат во борбата против Трамп, вклучително и повторените обиди за атентат“.
„Според мене, тој сега не е безбеден“, нагласи Путин, истакнувајќи дека „во историјата на САД имало различни инциденти“.
Рускиот претседател го пофали Трамп како искусен и интелигентен политичар, велејќи дека се надева оти новоизбраниот претседател е „внимателен и го разбира тоа“.
Путин рече дека не може да исклучи оти администрацијата на Бајден се обидува да создаде тешкотии во односите на Трамп со Русија.
Сепак, Москва е „подготвена за дијалог со САД, вклучително и со идната администрација“, нагласи Путин.