Грција: Четири деца се затруле од гас, едно од нив починало

Сподели со своите пријатели

Почина едно од четирите деца кои беа отруени со гас во близина на грчкиот град Ксанти, јавија денеска грчките медиуми.

Loading...

16-годишно момче и неговите три сестри се пронајдени во бессознание во куќа во селото Магико, а најверојатно се затруле поради истекување на гас, пренесува „Катимерини“.

Момчето починало малку подоцна во болница, а неговите сестри се уште се хоспитализирани.

Две девојчиња на возраст од 15 и 18 години се интубирани и ќе бидат префрлени во Солун.

Првите резултати од истрагата укажуваат и на истекување на плин, додека обдукцијата што следи ќе даде целосни одговори.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вонредна состојба на Крит: Пожарот уништи илјадници хектари земја, евакуирани се над 1.000 луѓе

Онесвестените деца ги пронашла нивната мајка која дошла да ги разбуди бидејќи требало да одат на училиште.

Таа веднаш повикала полиција и пожарникари кои ја обезбедувале куќата и ги префрлиле децата во болницата во Ксанти.

Локалниот градоначалник Јоргос Цитиридис изјави дека станува збор за многу сериозен и трагичен инцидент, додавајќи дека, очигледно, имало истекување на гас во инсталациите во куќата.

Loading...