Судењето на поранешните лидери на ОВК Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, ќе продолжат пред Специјалниот суд во Хаг на 2 декември.
Loading...
Сведочењето потоа ќе го продолжи 109. сведок на обвинителството, еден од водачите на т.н. ОВК Сокољ Башота, соопштија од Специјализираните комори.
Тој вчера почна да дава исказ, а се очекува неговото сведочење да трае неколку дена.
Судењето на поранешните лидери на т.н ОВК започна на 3 април 2023 година, а обвинението ги товари за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во незаконски притвори, т.н. ОВК во Косово и Албанија, пренесува Танјуг.