Што може да ѝ пречи на диетата и зошто не слабеете?

Сподели со своите пријатели

Се измачувате со диета веќе некое време, но не слабеете? Причините може да се доста. Понекогаш правиме работи кои ги сметаме за корисни, но тие всушност се залудни напори. Единствено што постигнуваме со погрешната исхрана е гладување, лошо расположение и речиси никаков реален резултат.

Loading...

Што може да ѝ пречи на диетата  и зошто не слабеете?

Премалку калории

За да го активирате и забрзате вашиот метаболизам ви требаат калории. Ако сте поминале на режим гладување, не се изненадите дека не симнувате килограми.

За да се катализираат процесите во клетките и да се забрза метаболизмот е потребно “гориво”, односно калории.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  4 најлоши навики кои го уништуваат видот

Односно, правилен сооднос помеѓу протеини, корисни масти и витамини е од значење, а не гладувањето и пропуст на оброци.

Скокате оброци

Ова крие огромни ризици од нагли скокови во шеќерот во крвта и инсулинот, односно во избувнувањето на силен глад.

Ако сте решиле да го пропуштите појадокот или вечерата (како што прават некои луѓе), треба да знаете дека тоа е погрешна долгорочна стратегија, која не само што нема да доведе до ефект, но и може да ве натера да зголемите маса.

Не гледате што е  она што го јадете

Не е толку едноставно да се почитува диета. Во огромен број случаи луѓето се залажуваат дека се на диета со едноставно избегнување на лебот и десерти, но за сметка на тоа ја пополнуваат празнината во стомакот со калорична храна во големи количини, кои заситуваат. Тоа се на пример млечните производи, јајцата, колбасите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири видови на храна за повеќе енергија

Не е важно дали сте се откажале од лебот, ако го заситувате гладот ​​со некои од споменатите производи во големи количини. Затоа диетата ви е неуспешна.

Loading...

Сте отстраниле  некои групи хранливи материи

Неодамна модните трендови во диетите наметнуваат исклучување на јаглехидрати, масти или протеини (животински) од менито.

Тоа е лош избор и веројатно нема да доведе до успешен резултат во контрола на тежината и најмногу здравјето, бидејќи сите наведени хранливи компоненти се важни за функционирањето на клетките.

Поважно е да внимавате како го структурирате мени и какви точно количини од различни хранливи материи сносите отколку да исклучувате цели групи.

Не ја мерите својата тежина редовно

Ако ја избегнувате вагата нема да си направите услуга, напротив. Регуларното следење на килограмите дава јасна слика на кое ниво сте и колку ви останува до негуваната  цел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лимонот може да го намали крвниот притисок