Привремениот либански премиер Наџиб Микати денеска апелираше до Израел целосно да се посвети на новиот договор за прекин на огнот и „да се повлече од сите региони и од позициите што ги окупираше“, неколку часа по стапувањето во сила на примирјето меѓу Израел и Хезболах.
Loading...
Микати претходно апелираше до меѓународната заедница да „дејствува брзо“ за да ја запре „израелската агресија и да спроведе итен прекин на огнот“, пренесува Ројтерс.
Утрово во 04:00 часот по локално време стапи на сила 60-дневниот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах, постигнат со посредство на САД и Франција.