Меркел: Војната во Украина ќе почнеше уште порано доколку Киев влезеше во НАТО во 2008 година

Сподели со своите пријатели

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека верува оти војната во Украина би започнала порано и „веројатно би била полоша“ доколку Киев го започнал својот пат кон членство во НАТО во 2008 година.

Loading...

„Ќе гледавме воен конфликт и порано. Ми беше сосема јасно дека претседателот (на Русија) Владимир Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО. И тогаш, Украина како земја сигурно немаше да биде подготвена како тоа беше во февруари 2022 година“, изјави таа за Би-Би-Си.

Во ретко интервју откако се повлече од политиката пред три години, Меркел изрази загриженост поради обновените закани на Путин за употреба на нуклеарно оружје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Владимир Кличко: Џо Роган ја шири пропагандата на Путин (ВИДЕО)

„Мораме да направиме сè што е можно за да ја спречиме употребата на нуклеарно оружје. За среќа, Кина неодамна зборуваше за тоа. Не треба да бидеме парализирани од страв, но мора да признаеме дека Русија е најголемата, или веднаш до САД, една од двете најголеми нуклеарни сили во светот. Потенцијалот е застрашувачки“, предупреди поранешната германска канцеларка.

Таа изјави дека за време на нејзиниот мандат направила се што е во нејзина моќ за да обезбеди мирни средства за соработка со Русија и дека Путин „започнал инвазија на Украина“ само неколку месеци откако таа ја напуштила функцијата.

Би-Би-Си објави дека за време на владата на Меркел, Германија и нејзините големи индустрии станаа зависни од Москва, а Германија изгради два гасоводи директно поврзани со Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британската влада стравува од руски сајбер напад. „Можат да ни ги изгаснат светлата“

Меркел објасни дека има два мотиви во однос на гасоводите: германски бизнис интереси, но и одржување мирни односи со Русија.

Таа додаде дека се обидела да ги задржи руските напади врз Украина користејќи дипломатија и преговори, кои, како што наведе, „на крајот не успеале“.

Loading...

„Нова ера во односите на Европа со Русија, за жал, започна по целосната инвазија на Украина“, нагласи германската канцеларка.