Руските сили синоќа ја нападнаа енергетската инфраструктура во областа Николаев, поради што дошло до прекин на електричната енергија, соопшти началникот на воената управа на областа Николаев, Виталиј Ким.
„Како резултат на ноќен непријателски напад врз енергетската инфраструктура, напојувањето беше исклучено. Повеќето од потрошувачите во меѓувреме се повторно приклучени на мрежата, а работата за обновување на електроенергетскиот систем продолжува. Нема жртви“, рече тој на Телеграм, пренесува Укринформ.
Ким додаде дека во текот на ноќта силите и средствата на силите за воздушна одбрана уништиле две беспилотни летала „Шахед 131/136“ во областа Николаев.
Во текот на ноќта руски беспилотни летала оштетија и инфраструктурен објект во Запорожје. Во нападот е повредено 13-годишно момче.