Преговори или катаклизма: Какви се шансите Путин да активира нуклеарно оружје?

Сподели со своите пријатели

Откако рускиот претседател Владимир Путин во вторникот потпиша указ за проширување на нуклеарната доктрина, во светот почнаа да растат стравувањата од ескалација на конфликтот.

Loading...

Многумина се прашуваа дали и под кои услови Путин навистина може да го притисне „црвеното копче“ и да го активира ова смртоносно оружје.

Во она што многумина го опишаа како прикриено предупредување до Западот, Путин го намали прагот за предизвикување нуклеарен напад, дозволувајќи и на Москва да одговори со ова оружје доколку некоја земја ја нападне со конвенционално оружје. Ова вклучува ракети, авиони, па дури и беспилотни летала.

Накратко, американските ракети истрелани од Украина на нивна територија ги исполнуваат овие услови.

Москва сега и формално го смета нападот од ненуклеарна сила (на пр. Украина) поддржан од нуклеарна сила (на пр. САД) како заеднички напад на нејзина територија.

Целиот свет знаеше дека овие промени ќе стапат на сила во одреден момент, бидејќи Москва ги предложи уште во септември.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Петр Павел: Решеноста на Трамп може да го доближи крајот на војната во Украина

Сепак, овој документ беше одобрен само два дена откако американскиот потпретседател Џо Бајден и дозволи на Украина да користи ракети со долг дострел длабоко на руска територија.

И додека во светот расте стравот поради ескалацијата на конфликтот, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска потврди дека Путин е подготвен да преговара за прекин на огнот во Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп кога тој ќе ја преземе власта.

Loading...

Ова може да биде чекор кон завршување на војната, која трае повеќе од 1.000 дена, бидејќи за време на кампањата Трамп постојано повторуваше дека брзо ќе го прекине конфликтот кога ќе дојде на власт, но не даде детали како планира да го направи тоа.

Остануваат точно два месеци до јануари и шансата двајцата лидери да седнат на преговарачка маса, а за тоа време на терен може да се случи се што може да го испровоцира рускиот лидер и да предизвика натамошна ескалација на конфликтот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Следниот Чернобил “: Најновите руски напади врз Украина може да доведат до катастрофа за светот

Вчера Украина истрела проектили кон руски Брјанск, а Москва објави дека наводно користела шест американски ракети АТАКМС во нападот.

Иако не е познато дали Путин знаел за нападот на Брајанск, она што тој сигурно можеше да го претпостави е дека нема да помине долго пред Киев да употреби ракети со долг дострел на нивна територија, пишува Sky news.

Аналитичарите сметаат дека има мали шанси Путин да активира нуклеарно оружје, дека тоа е блеф на Москва и дека има јасни причини зошто тој нема да го направи тоа.

За почеток, главниот сојузник на Русија, Кина, тоа воопшто нема да го толерира.

Што е уште поважно, многумина веруваат дека има мали шанси Москва да ризикува да го навлече гневот на новата администрација која ќе се пресели во Белата куќа на 20 јануари следната година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите значително ги прошируваат капацитетите за производство на ракетни мотори

Досега знаците покажаа дека Доналд Трамп ќе остане на својот став дека конфликтот во Украина треба да заврши што е можно поскоро.

Loading...

Тој ќе се залага за брзо решавање на конфликтот, поради што многумина стравуваат дека ваквата низа на настани ќе биде од корист за Русија.

Меѓутоа, доколку Путин го притисне „црвеното копче“ и активира нуклеарно оружје, речиси е сигурно дека тоа би влијаело на мировниот договор. Но, секогаш постои шанса Русија да го направи незамисливото.

Конечно, треба да се потсетиме дека дури и на почетокот на војната во Украина, ретко кој можеше да претпостави дека Путин ќе започне целосна инвазија на Украина.

Илјада дена подоцна, влогот е уште поголем, а Западот повторно се надева дека правилно ќе ги протолкува сигналите на Кремљ.