ОБСЕ: Oд клучно значење е да се гонат злосторствата од омраза

Сподели со своите пријатели

Канцеларијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа за човекови права (ОДИХР) предупредува дека е од клучно значење да се гонат злосторствата од омраза.

Loading...

Со цел да се заштитат жртвите и да се развие ефективна политика за борба против овие злосторства.

Според последниот извештај на ОДИХР, 48-те земји-членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа и граѓанското општество (ОБСЕ) пријавиле речиси 10.000 случаи на злосторства од омраза, се вели во соопштението.

Иако е постигнат напредок, извештајот укажува на сериозни недостатоци во законодавството, како резултат на што многу злосторства од омраза не се соодветно истражени или погрешно се квалификуваат како „говор на омраза“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Силен земјотрес во централна Турција

Ова го отежнува пружањето помош на жртвите и води до слаби законски решенија.

За да помогне во решавањето на овие прашања, ОДИХР објави водич за обвинителите да обезбедат поефикасна истрага и гонење на злосторствата од омраза.

Водичот ќе им помогне на обвинителите да ги изберат вистинските обвиненија и да соработуваат со полицијата и судовите, пренесува Танјуг.