Новоизбраниот претседател Доналд Трамп најави дека ќе го номинира гувернерот на Северна Дакота Даг Бургам за секретар за внатрешни работи.
Трамп рече дека Бургам „фантастично ќе го води Министерството за внатрешни работи“, додавајќи дека својата одлука ќе ја официјализира денеска, истакнува Ројтерс.
Бургам е познат по своите конзервативни ставови, а претходно се обиде да се кандидира за републиканската претседателска номинација пред да се откаже и да стане поддржувач на Трамп.
Министерството за внатрешни работи е клучно за спроведување на климатските политики, вклучително и зголемување на дозволите за проекти за обновлива енергија како соларни централи.
Под раководство на Бургам, одделот се очекува да го нагласи зголемувањето на производството на нафта, гас и минерали на федералните и племенските земји.
Тоа би можело да вклучи зголемување на бројот на нови договори за истражување во области како што е Мексиканскиот Залив, како и во држави како Вајоминг и Ново Мексико, кои се познати по нивното производство на нафта, пренесува Танјуг.