Рама ја критикуваше COP29: Која е поентата на самитот ако најголемите загадувачи продолжат како досега

Сподели со своите пријатели

Албанскиот премиер Еди Рама остро го критикуваше самитот за климатски промени COP29 во Баку и праша која е смислата на меѓународните преговори за климата доколку најголемите загадувачи не го променат своето однесување.

Loading...

„Луѓето таму јадат, пијат и се фотографираат. Ова ми изгледа како она што се случува секој ден во светот. Животот продолжува, со старите навики, додека нашите говори – полни со убави зборови за борбата против климатските промени – не менуваат ништо“, рече Рама, пишува Гардијан.

Рама укажа на вчерашната изјава на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој посочи дека емисиите на јаглерод диоксид се зголемени од последниот самит на COP.

„Што значи за иднината на светот ако најголемите загадувачи продолжат како досега. Што всушност правиме на овој собир, повторно и повторно, ако нема заедничка политичка волја да се премине од зборови на дела и да се постигне единство за реално промени“, праша Рама.