Дваесет и седумгодишник од Куманово бил приведен вчера под сомнение дека украл домашни животни од приватен имот.
Loading...
– На 06.11.2024 во 13.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.С.(27) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Тој се сомничи дека од приватен имот во место викано Ристово трло одзел домашни животни.
М.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски