Русија го бомбардираше Харков, повредени најмалку 25 лица

Сподели со своите пријатели

Во рускиот воздушен напад врз Харков со бомби од 500 килограми повредени се 25 лица, од кои пет се хоспитализирани, соопшти Олех Синегубов, шеф на регионалната државна управа во Харков.

Loading...

Мета на нападот биле окрузите Салтовски и Шевченко, а поради нападот биле евакуирани 30 лица, меѓу кои четири деца, изјави украински официјален претставник.

Во Салтовка е погодена повеќекатница, а спасувачите ги расчистуваат урнатините, јавува Униан.

Оштетени се и околните станбени згради, пет автомобили и излези од метро станиците, се наведува во соопштението за печатот на украинските власти.

Народниот правобранител Дмитриј Лубинец објави дека се уште има луѓе под урнатините, според Униан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ројтерс: Германија ќе ја поддржи Украина и покрај колапсот на владејачката коалиција