Двојно зголемен бројот на пациенти во кумановската болница со набавката на нова опрема. Апарат за откривање на невролошки заболувања, современ лабораториски анализатор и нова опрема во операционите сали, се дел од последните инвестиции во оваа јавна здравствена установа. За некои интервенции болните повеќе не ги препраќаат во Скопје.
Претходно е набавена нова опрема во хируршкото одделение, со што е зголемен бројот на операции од 600 на 1.200 операции, што претставува двојно зголемување на број на интеревенции или како што појасни, двојно помалку пациенти кои се препраќаат за Скопје, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.
Претходно набавени се генератор за фузирање на крвни садови кој значително ја олеснува работата на хирургот, а на пациентот му пружа поголема безбедност при работа, изјави Методија Димковски, началник на хирургија во кумановска болница.