Изложба на Валмир Азири во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во четврток со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложба на слики со наслов  „Ad TERRA” од ликовниот уметник Валмир Азири.

Loading...

Изложбата е дел од неговата најнова продукција и содржи  34 слики.

Валмир Азири е роден во 1977 година во Тетово. Дипломирал и магистрирал на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово, на отсекот за графички дизајн во класата на професорот Сафет Спахиу.

Тој е член на Здружението на ликовните уметници, има реализирано независни изложби, а исто така учествувал во многу колективни изложби.

Независните изложби на авторот се: изложбаи со фотографии во 2008 година под наслов “Рефлексии”, втората изложба ја реализирал во 2016 година со дигитални графики под наслов “Во почетокот беше зборот”, изложбата со уметнички дигитални дела под наслов „Дигитализирани духовнивибрации“, е третата изложба на авторот, додека изложбата со слики под наслов “Траги од татковината” е четвртата, изложбата под наслов “Ad Astra” е петта, “Ad Astra – Istanbul Edition” е шеста и прва меѓународна изложба на авторот одржана во Истанбул – Турција, “Ad Astra – Tirana Edition” е седмата и втора меѓународна за авторот, “Ad Astra vol 2” е осмата изложба на уметникот Валмир Азири, а последната изложба под наслов “Ad TERRA” е деветтата по ред.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 13.11.2024.

Интегрално соопштение