Во пресрет на Задушница се чистат гробиштата во Куманово (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Градските гробишта во Куманово деновиве се чистат во пресрет на Митровденската Задушница која верниците ја одбележуваат во сабота.

Loading...

 

 

Како што информираше директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Ненад Стојановски, оваа акција трае веќе една недела и ангажирани се поголем број вработени.

– Цела недела скоро ги чистиме, освен вработените во отсекот на градските гробишта, вклучени се и други вработени како би можеле да ги исчистиме на време. Скоро 90% се исчистени, останува денеска и утре да се ичисти комплетно, изјави директорот.

 

Loading...

 

Како што додаде тој, има доволно садови и контејнери за одложување на отпад, а граѓаните ќе можат да подигнат бесплатни џакови за смет на портирницата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец затекнат при кражба, се повредил при обид да избега

– Апелирам до граѓаните сметот што ќе го направат во петок и сабота да го складираат во црни џакови кои ќе им бидат достапни на самата портирница, ќе можат да ги подигнат и истиот смет да го одложат во контејнери или до контејнери, или до кантите ако бидат преполнети, можна е таква состојба затоа што ќе мора да исчистиме и по денот на задушница, изјави Стојановски.

 

 

Како што појасни директорот, нема доволен број гробни места и ќе мора да се направи експропријација во следниот период за таа намена.

– Градските гробишта се наследена работа од општината. Ние имаме ингеренција да ги одржуваме. Што се однесува до прашањето за гробните места, нема доволен број гробни места, ќе се прави експропријација. Станува збор за големи парцели и огромни средства. Целокупниот процес што би требало да се експропреира земиште е во вредност од 20 милиони евра, меѓутоа општината заедно со Јавното претпријатие за просторно планирање прави напори да има парцијална експропријација за да може во нареден период да се реши тој недостаток на гробни места, потенцираше директорот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Арачиново и Липково ќе добијат функционални градинки

 

 

Инаку, православните христијани во сабота ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите.

Задушница е секогаш в сабота, ден кој црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.

На Задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос.

 

Loading...

 

На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

На Задушница верните даваат милостина на сиромашните и се молат за покој на душите на упокоените.

Никола Ивановски