Најмалку 19 лица, меѓу кои осум жени, загинаа во израелските напади врз либанскиот град Баалбек и неговата околина, соопшти Министерството за здравство на земјата.
Loading...
Вчерашниот напад се случи откако десетици илјади жители го напуштија северниот либански град како одговор на наредбите за евакуација издадени од израелската армија.
Градоначалникот Мустафа ал-Шел изјави за Би-Би-Си дека биле пријавени повеќе од 20 напади во областа Балбек, од кои пет во самиот град, кој е дом на комплекс на антички римски храмови на списокот на УНЕСКО.
Израелската армија објави дека ги погодила командните центри на Хезболах за време на нападот врз Баалбек на исток и Набатија на југот на Либан, пренесува Танјуг.