Низа населени места од Куманово и околината денеска и утре привремено ќе останат без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи денеска во период од 07:30 до 14:00 часот прекини ќе има кај корисниците од селата Шупли Камен и Биљановце.
Од 07:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Проевце, заедно со тамошните правни лица.
Во истиот период прекини ќе има и кај дел од булеварот „Трета МУБ“ односно Ловечки дом, улиците „Васко Карангелески“, „В.С.Бато“, „Боро Соколов“, како и дел од правните лица лоцирани на овој потег.
Oд 13.00 до 15:30 часот без струја ќе биде локалитетот „Краста војно“.
Во период од 08.00 до 10:30 дел од корисниците населбата Јане Сандански (Бабин Дол), како и селата Биљановце, Романовце, Пчиња, Вак’в, Студена Бара и Винце.
Прекини се најавени и за утре и тоа во период од 08:00 до 14:00 часот кај корисниците од селата Довезенце и Бељаковце, додека од 07:30 до 15:00 часот прекини ќе има кај корисниците во селото Романовце.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН поради интервенции во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски